Search

На Хаити убиени двајца француски државјани

Двајца француски државјани беа убиени синоќа на Хаити, соопштија властите во Порт-о-Пренс, наведувајќи дека е покрената истрага за убиствата.
Локалната полиција во Делмас претходно изјави за „Асошиејтед прес“ дека француските државјани биле убиени со истрел од огнено оружје, набргу откако пристигнале на островот и чекале возач пред куќата.
Возачот пред полицијата кажал дека Французите биле убиени од напаѓачи на мотоцикли, кои веднаш побегнале од местото на настанот.
Се додава дека мотивите за убиството и причината за пристигнувањето на француските државјани на Хаити засега не се познати.
Француското Министерство за надворешни работи упати сочувство до семејствата на жртвите, информирајќи дека соработува со властите во Хаити во истрагата за убиствата.

Треба да знаете
Последни објави