Search

Затвореници избегале од затвор во Калифорнија низ дупка потесна од 60 сантиметри

Двајца опасни затвореници, обвинети за убиство, избегале од затворот во Калифорнија така што се провлекле низ дупката во плафонот на бањата потесна од 60 сантиметри, а потоа се провлекле преку ѕидот пред да најдат отвор за бегство, соопштија денеска затворските власти.

Разбојниците направиле дупка долга 20 и широка 56 сантиметри и потоа избегале низ ѕидовите на затворот, јави АП синоќа.

„Ги сметаме за многу опасни. Ве молиме јавете се во полиција ако ги видите или знаете каде се тие – надлежните апелираат до граѓаните.

Досега не е утврдено колку долго ја копале дупката и дали некој им помогнал.

Треба да знаете
Последни објави