Search

Од Самос во Атина пренесени околу 700 бегалци и мигранти

Од грчкиот остров Самос, што се соочува со сериозни проблеми поради прекумерниот број бегалци и мигранти, утрово на едно од атинските пристаништа беа пренесени околу 700 баратели на азил, јави дописничката на МИА од Атина. Поголемиот број од овие 693 лица се семејства со деца, а дополнително, од Атина, со автобуси ќе бидат распределени во прифатни центри во северна Грција.

На островот Самос, според официјалните податоци од грчката влада, заклучно со неделата 20 октомври 2019 година, имало 6.217 лица, од кои 5.968 во центарот за прием и регистрација што е со капацитет од 648 места.

Паралелно со оние од Самос, во Атина, утрово беа пристигнаа и 156 баратели на азил што биле сместени на островот Лезбос, а ќе бидат пренесени во бегалски кампови.

Треба да знаете
Последни објави