Search

(ВИДЕО) Голем пожар во Берлин, зафатени хемикалии, опасност од отровни гасови и експлозии

Денес избувна голем пожар во просториите на компанијата Диехл Метал во Берлин. Пожарникарите ги предупредија граѓаните на силен чад и отровни гасови околу областа бидејќи огинот зафатил хемикалии.

Адријан Венцел, портпарол на противпожарната служба во Берлин, потврди дека пожарот се проширил на четири ката.

„Дел од зградата веќе е урнат. Пожарот го гаснеме само однадвор. Пожарот веќе не може да се стави под контрола одвнатре“, рече тој.

Во моментов на терен се околу 160 пожарникари. Спасувачите носат заштитни одела. „Можеме да потврдиме дека во зградата горат хемикалии. Таму се складираа сулфурна киселина и бакар цијанид. Постои ризик од формирање на водород цијанид и експлозија“, предупреди Венцел.

Според веб-страницата, Диехл Метал е „лидер во областа на класичната обработка на метал“, но работи и со „прогресивни технологии на иднината“, како што се електромобилноста и автономното возење на автомобили. Во зградата зафатена од пожар, компанијата управува со сопствен погон за поцинкување метални површини.

Диехл Метал е подружница на германската група Диехл од Нирнберг. Сестринската компанија Диехл Дефансe се занимава со производство во областа на воздушната одбрана и соработува со Бундесверот и другите вооружени сили. Диехл Дефанс го произведува, меѓу другото, системот за противвоздушна одбрана Iris-T SLM, кој исто така беше испорачан на Украина.

Треба да знаете
Последни објави