Search

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници” го потврди тоа

Коносителката на ИЕ5 и министерка за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, честитајќи го Светскиот ден на слободата на медиумите потсети дека СДСМ во целиот свој мандат поттикнува демократска и слобода атмосфера во општеството.

„Направивме законски измени со кои нападот врз новинар се квалификува како напад на службено лице, заради поголема заштита на луѓето кои ја вршат оваа значајна општествена професија”, вели Костадиновска-Стојчевска.

Таа додава дека наспроти децениската репресија и прогон кон медиумите и новинарите, насилното затворање медиуми и користење на институциите за пресметка со новинарите, СДСМ  значително го подобри медиумскиот амбиент и критичкото новинарство.

„Не приведуваме новинари за искажан збор, не тужиме редакции за објавени текстови, не затвораме медиуми кои не критикуваат”, вели Костадиновска-Стојчевска на Светскиот ден на слобода на медиумите кога „Репортери без граници”, во својот извештај забележа прогрес за Северна Македонија.

Според овој извештај, државата годинава има напредок и е рангирана на 36 место на Индексот за слобода на медиумите, што е за две места подобор од 38 место лани. Во 2016 бевме на 118 место.

„СДСМ е демократска партија која на дело покажува  како се почитува слободата на медиумите и новинарската мисла. Остануваме лидери во регионот по слободата на новинарското изразување”, вели Костадиновска-Стојчевска, додавајќи дека  актуелните времиња носат и нови предизвици за медиумите и медиумските работници, а технолошкиот развој носи и бројни ризици за самата професија.

Според Костадиновска-Стојчевска, слободата на новинарската мисла и подобрување на условите за медиумските работници остануваат приоритет на социјалдемократите кои остануваат силни поддржувачи на професионалното и непречено изразување.

Треба да знаете
Последни објави