Search

Вооружен маж со украдено возило на Брзата помош влетал во група луѓе во Осло

 Вооружен маж денеска грабнал возило за Брза помош во норвешката престолнина Осло и со него влетал во група луѓе, јави Тасс, повикувајќи се на медиумските извештаи, темелени на информации од полицијата. Во инцидентот има неколку настрадани лица. Нивниот точен број како и нивната здравствена состојба засега остануваат нејасни. Според извештаите, полицијата веќе го привела напаѓачот. Други детали за инцидентот засега не се соопштуваат.

Треба да знаете
Последни објави