Search

Прво место за академскиот скулптор Александар Ефтимовски на биенале на скулптура во Шпанија

Во учеството на петтото издание на Биеналето на Скулптура Огрове, во конкуренција од 33 интернационални скулптори, Александар Ефтимовски го зема првото место за делото со наслов “Испреплетено”. Ефтимовски во периодот на неговиот престој во Огрове изработи скулптура во гранит (фото) која ке биде трајно поставена во градот.

Ова не е прва награда што тој ја освоил во Шпанија. Во 2014 тој го освои второто место на Симпозиумот на скулптура во Гилена, каде исто така изработи скулптура во камен со големи димензии. Оваа година Ефтимовски го претстави својот авторски израз учествувајки на фестивали и симпозиуми во Луксембург, САД, Франција и секако Шпанија каде што изработи скулптури во голем формат.

Александар Ефтимовски е визуелен уметник од областа на скулптурата. Тој во неговото творештво како основен материјал за изразување го користи каменот во сите негови бои, структури, цврстини. Александар своето ликовно знаење го стекна на Академиите за уметност во Фиренца и Карара каде магистрираше во 2013. Во годините што следеа тој учествуваше на голем број фестивали и симпозиуми на скулптура, како и во голем број групни изложби на повеке континенти.

 

 

Треба да знаете
Последни објави