Вардар ќе добие голема помош во мечот од групата Б во Лигата на шампиони против Кил, кој се игра денеска од 17.30 часот, зашто капитенот Стојанче Стоилов се врати во екипата по повредата.
Стоилов во најдобар можен момент доаѓа во тимот на „црвено-црните“, кои ќе имаат тешок предизвик на домашен терен против германскиот гигант.
Капитенот на Вардар отсуствуваше дури четири месеци од терените, откако направи операција на 13 јуни, но конечно е подготвен за борба на пеколниот терен во СЦ „Јане Сандански“.