Одбојкарите на Бразил беа поуспешни од САД во дерби дуелот од седмата рунда на Светскиот куп кој се игра во Јапонија. Бразилците денеска славеа со 3:0 и го задржаа максималниот ефект на лидерската позиција на табелата. Американците го претрпеа вториот пораз.
Резултати: Аргентина – Канада 3:0, Полска – Египет 3:0, Тунис – Иран 0:3, Италија – Австралија 3:0,
САД – Бразил 0:3.
Во последниот денешен меч ќе се соочат домаќинот Јапонија и Русија.
Табела: Бразил 21 бод, Полска 18, САД 16…