Search

Висок одѕив и нерегуларности на изборите во Косово – приведени 20 лица

Заврши гласањето на денешните избори во Косово, а според медиумите три партии прогласиле победа. Голем одѕив во општините во кои доминира српското население и мали нерегуларности при гласањето – вака помина денот на изборите во Косово.

Во 19 часот беа затворени гласачките места на предвремените парламентарни избори на Косово, со највисок процент на излезност. Најголем одѕив има во Зубин Поток и најмал во Драгаш. Според проценките на Централната изборна комисија, гласале 44,09 проценти од косовските граѓани, а тоа е 97 проценти од избирачките места.

Државното обвинителство на Косово пренесе дека се приведени 20 лица поради различни кривични дела на изборниот ден. Право на глас имаа повеќе од 1,9 милиони луѓе, што е повеќе од официјалното население на Косово, поради проблеми со изборниот список, јавува дописникот на Би-би-си.

Денот на изборите се одржа во Косово без поголеми нерегуларности, рекоа претставниците на набудувачките мисии на ЕУ и ОБСЕ.

View image on Twitter
Централната изборна комисија соопшти дека имало изолирани инциденти и проблеми, но дека „не можат да влијаат на регуларноста на изборите“.

Две лица се уапсени во северниот дел на Митровица за злоупотреба на службената должност на едно избирачко место во училиштето, додаде обвинителството.Сепак, Обвинителството издаде наредба со која се определува 48-часовен притвор за само едно лице.Косовската полиција во Призрен соопшти дека уапсила и седум лица за фотографирање на гласачкото ливче.

Треба да знаете
Последни објави