Иран ja потврди 10-годишната затворска казна за вработена во Британскиот совет

Техеран во вторникот потврди дека Арас Амири, вработена во иранскиот Британски совет, ќе мора да одлежи 10 години затвор под обвинение за шпионажа, пренесува „Брејтбарт“. Иранскиот Апелационен суд ја потврди казната против неа за културна инфилтрација, изјави портпаролот на судот.

„Амири е осудена на 10 години затвор таа веќе ја издржува казната. Оваа пресуда е поддржана од судот. Оваа личност беше идентификувана од нас поради нејзината културна инфилтрација во општеството преку уметноста и нејзините брони активности “, рече портпаролот Голамхосин Есмаили.

Државните медиуми, исто така, идентификуваа уште две лица осудени за шпионажа. Иранецот Али Џохари е обвинет дека работел за израелските разузнавачки агенции, го посетил Израел за да добие државјанство и имал бројни врски со Мосад. Како резултат, тој доби 12-годишна затвроска казна.

Британката со иранско потекло Анусех Ашури беше осудена на 12 години затвор откако беше прогласена за виновна за испраќање разузнавачки информации во Израел и за нелегално стекнување со богатство.

Во мај годинава, Лондон ги предупреди британско-иранските двојни државјани да не патуваат во Иран поради континуираното произволно задржување и малтретирање на нивните граѓани од страна на Техеран. Ова се случи откако Велика Британија продолжи да се обидува да издејствува ослободување на двојната државјанка Назанин Загари-Ратклиф.

Во изјавата, Форин офисот соопшти дека грашаните со британско-иранско двојно државјанство се соочуваат со неприфатливо поголем ризик од произволно притворање и малтретирање отколку државјаните на други земји.

„Безбедносните сили може да се сомневаат во луѓето со британски врски, вклучително и со оние со врски со институции со седиште во Велика Британија, или кои добиваат јавни средства или имаат врски со британската влада“, се вели во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави