ЕСЧП : Русија мора да им исплати 34.000 евра на двајцата тужители во случајот „Магнитски“

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) утврдил повеќекратни прекршувања на Европската конвенција во случајот во врска со рускиот даночен советник Сергеј Магнитски и пресуди дека Русија мора да им исплати 34.000 евра на тужителите во случајот, пренесува ТАСС.

„Во денешната пресуда, ЕСЧП едногласно сметаше дека имало повреда на материјалните и процедуралните сегменти на Член 2 (право на живот) на Европската конвенција за човекови права и повреда на Член 6, Ставови 1 и 2 (право на фер судење и презумпција на невиност) поради постхумната постапка и осуда на Магнитски“, се вели во соопштението од судот.

„Судот утврди дека Русија треба да им исплати на двајцата тужители по 34.000 евра по основ на нематеријална штета“, се вели во документот.

На 24 ноември 2008 година, Сергеј Магнитски, 37-годишен извршен партнер во ревизорската компанија „Фајрестон Данкан“ и ревизор во „Ермитаж капиитал“, беше приведен под обвинение за соучесништво во затајување данок.

На 26 ноември, московскиот окружен суд „Тверској“ го задржа Магнитски во притвор.

Во октомври 2009 година, основачот на „Магнитски енд ермитаж капитал“, Вилијам Браудер, беше обвинет за затајување данок проценет на 522 милиони рубљи (7,9 милиони американски долари). По 11 месеци во притворскиот центар „Бутирка“, Магнитски почина на 16.11.2009 година.

Кривичниот случај против Магнитски беше отфрлен на 30.11.2009 година, поради неговата смрт.

Треба да знаете
Последни објави