Награда за животно дело за Доналд Сатерленд на филмскиот фестивал во Шпанија

Канадскиот актер Доналд Сатерленд на филмскиот фестивал во Сан Себастијан, Шпанија ќе добие награда за животно дело.

Во денешната објава се посочува дека 84-годишниот Сатерленд „талентирано прикажал десетици ликови во серија жанрови од драма, преку воен филм и трилер, до хорор и научна фантастика”.

Наградата ќе му биде врачена на 26 септември.

Тој во 2017 година доби почесен „Оскар”. Доналд Сатерленд глумеше во повеќе од 150 филмови.

Треба да знаете
Последни објави