Меси се врати на тренинг

Капитенот на шпанскиот фудбалски првак Барселона, Лионел Меси се опорави од повредата и ќе може да конкуриа за составот на тимот против Бетис. Аргентинецот  ја пропушти турнејата на Барселона во САД, како и првиот натпревар од новата сезона во Примера, кој актуелниот бранител на трофејот го загуби од Атлетик Билбао (1:0).

Меси денеска е најавено дека ќе тренира со соиграчите.

Во второто коло Барселона нема да може да смета на услугите на Луис Суарез кој се повреди на првиот меч од новата сезона.

Треба да знаете
Последни објави