Search

Трагедија во Лагадин

Според информациите на полицијата, вчера во 20 часот било пријавено дека во Охрид на плажата Лагадин, маж од Свети Николе скокнал во езерото и со главатa удрил во камен, кој се наоѓал во водата.

Од здобиените повреди, при  транспорт во болница, повредениот починал.

Овој случај повторно го актуелизира проблемот околу тоа колку се безбедни плажите долж езерото .

Инаку 22 плажи на Охридскоот крајбрежје и 7 на струшиот дел ова лето имаат ангажирано спасители на вода.

Тие до овој момент имале 13  интервенции на извлекување на  давеници а преку 400 укажувања на прва помош.

Треба да знаете
Последни објави