(Видео) Трипуновски: ,,Зелена нафта” е фиктивна мерка и нема да ги реши проблемите на земјоделците

„Денеска бевме сведоци каде премиерот Зоран Заев на една наместена и фингирана ситуација ја промовираше мерката ‘Зелена нафта’. Квази мерката ‘Зелена нафта’, којашто неколкупати потенциравме дека е фиктивна и дека нема реално да ги реши проблемите на македонските земјоделци”, изјави Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој по повика премиерот Зоран Заев и неговиот министер заедно да појдат во кој било крај на земјава и да ја видат реалната ситуација во којашто се наоѓа македонското земјоделство.

„Оваа е сликата позади мене којашто е реалната и вистинската ситуација во Република Македонија. Позади мене гледаме фрлени праски коишто земјоделците не можат да ги предадат на откупувачите. Затоа што прво нема откуп, а второ нема цена. Јас го повикувам премиерот Зоран Заев заедно со неговиот министер да им одговорат премнаа македонските земјоделци, на македонската јавност каде се сите проекти ко што ги ветуваа во предизборието, во 2016 година.

Каде е гарантниот фонд? Нели ќе се тепаа откупувачите за повисоки откупни цени и сигурен пласман? Да одговори премиерот Зоран Заев, заедно со неговиот министер, зошто мерката ‘Млад земјоделец’ доцни веќе една година? Мерка којашто треба да ги задржи младите луѓе во Република Македонија. Да одговори зошто се доцни со ИПАРД-програмата и реализацијата на повиците? Да одговори зошто субвенциите се стопирани? Да одговори зошто на производителите на јаболка не им се исплаќаат дополнителните 5 денари ветена субвенција? Да одговори почитуваниот премиер Зоран Заев зошто на оризарите, на сливарите од Радовишко и Малешевијата, имдоцни исплатата на дополнителната субвенција? Да одговори премиерот Зоран Заев зашто го донесоа во колапс македонското земјоделство?

Почитуван Заев, ако сте толку сигурни во вашите успешни т.н. проекти ајде да излеземе на избори и македонскиот земјоделец, македонските граѓани нека ја кажат вистинската слика.Македонскиот земјоделец и македонските граѓани нека оценат дали вашите проекти се успешни или не. Охрабрете се и конечно да излеземе и да се соочиме со македонскиот народ”,

Треба да знаете
Последни објави