Search

Корисен трик кој треба да го знаете пред да заминете на одмор

За да откриете дали намирниците во замрзнувачот цело време додека сте на одмор биле замрзнати, наполнете чаша со вода и замрзнете ја. Кога водата ќе замрзне, на неа ставете монета.

Ако по враќање од одморот монетата ја најдете на дното од чашата, тоа значи дека подолго време немало струја и водата се одрмзнала.

Во тој случај најдобро би било сета храна од замрзнувачот да ја фрлите затоа што и таа се одледила како водата и повеќе не е здрава за употреба.

Треба да знаете
Последни објави