Осум рудари загинаа по експлозија во рудник за јаглен во југозападниот дел на Пакистан, се наведува во официјално соопштение од управата на рудникот.
Инцидентот се случил доцна во неделата кога експлозијата затрупала 10 рудари на повеќе од 4.000 метри под површината. Осуммина од нив биле извлечени мртви, а двајца биле спасени.
Лошите работни услови во рудниците за јаглен во оваа земја, редовно го доведуваат во прашање животот на рударите, но несреќите често не се пријавуваат, информираат светските агенции.