(Видео) Се сруши ѕид во Индија, загинаа најмалку 15 лица

Ѕид во висина од 23 метри се сруши поради обилните дождови во Индија врз работнички колиби, пришто загинаа најмалку 15 работници и членови на нивните семејства. Меѓу загинатите има четири деца и две жени.

Спасувачите успеале од урнатините да извлечат тројца работници, пренесе „АП“.

Спасувачката операција продолжува, а се стравува дека повеќе луѓе би можеле да бидат заробени во рушевините.

Работниците биле ангажирани на градилиште кое се наоѓало во близина.

Треба да знаете
Последни објави