Мајкл Даглас ja продава вилата на Мајорка за 32,4 милиона долари

Актерот Мајкл Даглас (74) пред 30 години купи вила на Мајорка за 3,5 милиони долари, а сега направи видео за да ги заинтересира купувачите. Имено, добитникот на „Оскар“ го продава раскошниот имот „С’Естака“, а со тоа и винарска визба, маслинарници, базен и приватна плажа.

Цената на вилата е зголемена откако ја купи актерот, па сега се продава за 32,4 милиона долари. Имотот се состои од седум згради, две викендички, пет апартмани, десет спални соби, 11 бањи, театар и библиотека, но има и богата историја. Имотот му припаѓал на надвојводата Лудвиг Салватор. Ѕвезди, како Том Круз (56), Никол Кидман (51), Мишел Фајфер (61) и Џек Николсон (82), некогаш се одморале на овој имот. Ова не е прв пат Мајкл да се обидува да ја продаде вилата. Пред пет години тој ја продаваше за 60 милиони долари.

Треба да знаете
Последни објави