Search

Најмалку десет лица загинаа во експлозија во Сирија од бомбаш-самоубиец

Најмалку десет лица загинаа во експлозија во сирискиот град Рака откако бомбаш – самоубиец со возило налета на контролен пункт на силите, поддржани од САД, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.

Тоа е една од двете експлозии кои одекнаа на две различни локации во градот во северна Сирија, кој претходно беше престолнина на Исламска држава.

Според Опсерваторијата, чие седиште е во Лондон, во нападот на плоштадот „Наим” се убиени петмина борци и петмина цивили.

– Во пресрет на нападот, одекна уште една експлозија од бомба покрај пат во центарот на градот, се наведува во соопштението од Опсерваторијата.

Треба да знаете
Последни објави