Ѓоковиќ убедливо до третото коло на Ролан Гарос

Новак Ѓоковиќ без проблеми, во меч кој траеше час и половина, се пласираше на третото коло од тенискиот турнир Ролан Гарос.

Ѓоковиќ убедливо го победи швајцарскиот тенисер Анри Лаксонен со 3-0 во сетови и тоа 6:1, 6:4 и 6:3 во гемови.

Најдобриот тенисер во светот во следното коло за противник ќе го има Италијанецот Салваторе Карузо, кој во второто коло изненади откако го елиминираше Французинот Жил Симон.

Треба да знаете
Последни објави