Сари: Јувентус? Го знаете моето мислење

Маурицио Сари и фудбалерите на Челси вечерва ќе се судрат против лондонскиот ривал Арсенал во финалето од Лига Европа.

Англиските медиуми веќе подолго време шпекулираат дека Сари ќе го напушти Челси, а вечерва можеби ќе биде и најдобрата прилика Италијанецот да ја заврши својата авантура во лондонскиот клуб – со титула во Лига Европа.

„Сакам да размислувам само за финалето. Имам договор со Челси уште две години. Пред се, ќе разговарам со Челси. Ова не е вистинскиот момент да зборувам за тоа. Како што добро знаете, играме финале и сакаме да победиме“, изјави Сари, кој проговори и за гласините кои го поврзуваат со Јувентус.

„Добро го знаете моето мислење. Тоа е исто како и на претходната прес конференција. Моите мисли се на финалето и моите играчи. Имавме добра сезона, се пласиравме во Лигата на шампионите, игравме финале во Карабао купот, а сега играме и финале во Лига Европа“, додаде Сари.

Треба да знаете
Последни објави