Search

Крај на патот: Ракитиќ заминува од Барселона за да ослободи место за помладите

Во еден момент ова изгледаше како уште една спектакуларна сезона на Барселона – тимот беше во игра за три титули и влезе како апсолутен фаворит во трите натпреварувања, но крајот на сезоната донесе само разочарување, во кое титулата од Ла Лига нуди само мала утеха. Веќе се посочуваат прсти кон виновниците, а покрај Валверде, како еден од нив се споменува и хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ.

 

Барселона во текот на целата сезона изгледаше доминантно и самоуверено, па фудбалската јавност почна да им ги припишува трите титули (Ла Лига, ЛШ и Кралскиот куп) иако уште ги немаа освоено.

Но, лошите 90 минути во реваншот против Ливерпул предизвикаа криза во редовите на каталонскиот клуб и резултираа во елиминација од Лигата на шампионите и пораз во финалето од Кралскиот куп. Јавноста се подели во два табори: едниот кој ги бранеше и другиот кој ги бранеше играчите и раководството. Единствениот сигурен во составот на Барселона е Лионел Меси, додека сите останати играчи треба да стравуваат за својата иднина во клубот. А најмногу од нив Иван Ракитиќ, кој по маестрално одиграното Светско првенство минатата година не успеа да ја повтори формата на клупски план.

„Изгледа дека Ракитиќ си заминува. Барањето на нов договор и заминувањето на забава во Севиља еден ден по поразот од Ливерпул даваат чувство дека навистина дојдовме до крајот на патот со него. Тој мора да си замине за да отвори место за новите играчи, како на пример Френки Де Јонг“, пишува каталонски весник.

Сепак, Хрватот не е единствениот кој е на излезните врати. Се споменуваат имињата на Луис Суарез, Жорди Алба, Серхио Бускетс, па дури и неодамнешните засилувања Малком и Осман Дембеле. Раководството и понатаму е поделено за Фелипе Кутињо, кој имаше солидна, но не одлична досегашна кариера во Барселона.

Треба да знаете
Последни објави