Search

(Видео) Бошкоски: Моето апсење беше порака до политичарите да ги прифатат едноумието и тоталитарниот режим

ВМРО-ДПМНЕ мора да се дистанцира и да се огради од политиката на експремиерот Никола Груевски, порача лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски кој попладнево присуствуваше на  одбележувањето на една деценија од формирањето на неговата партија.

Тој рече дека доколку околку оваа политичка структура која ја води ВМРО-ДПМНЕ јасно не се дистанцира и не се огради од политиката на Груевски, остава сомнежи дека продолжуваат да го негуваат и да се надеваат на нешто што може да биде македонски рецидив, а тоа е враќање на тоталитарниот режим.

Враќајќи се наназад во периодот пред неговото апсење, Бошкоски изјави дека неговата патија го кренала гласот против режимот на Груевски, по што се следел 7-ноемврискиот бунт во 2010 година, затворањето на А1 телевизија, а потоа и политички прогон врз него.

„Ден по изборите бев затворен. Тоа беше јасна порака до политичарите дека сите ќе завршат така доколку не го прифатат едноумието и тоталитарниот режим како начин на живеење во Република Македонија“, рече Бошкоски.

Во однос на предметот „Тортура“ кој се однесува на начинот на неговото апсење, Бошкоски истакна дека е задоволен со самото тоа што јавноста ја дознала вистината, но и изворот од каде биле режирани политичките процеси. Бошкоски очекува осудителна пресуда за обвинетите во овој предмет.

Треба да знаете
Последни објави