Марсеј и официјално го назначи Вила-Боаш за нов тренер

Олимпик Марсеј го објави привлекувањето на Андре Вила-Боаш за тренер на клубот. Португалскиот стратег се врза со клубот во следните две сезони и според неофицијалните информации ќе добива 7,2 милиони евра годишно. Клубот го презентираше назначувањето со дефиницијата: „Започнува нашата нова ера”.

Тој го замени Руди Гарсија, кој поднесе оставка по завршувањето на кампањата.

Марсеј одамна не завршил на врвот на француското првенство, откако за последно ја освои титулата пред 9 години. За последен пат во сезоната 2012/13, ОМ се рангираше на второ место и беше ривал за првото место. Повеќето навивачи пак заборавија на последниот пат кога тие го освоија Купот на Франција – 1989 година.

Во штабот на Боаш се најде поранешниот дефанзивец на Челзи, Рикардо Карваљо.

Поранешниот тренер на Челзи и Тотенхем беше невработен од ноември 2017 година, кога го напушти кинескиот Шангај СИПГ. Тој потоа возеше во „Дакар” 2018, каде што имаше несреќа и мораше да се повлече.

Треба да знаете
Последни објави