Клоп: Поразот од Реал го направи Ливерпул посилен тим

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп верува дека сегашниот состав не е ист со тимот кој допушти пораз во минатогодишното финале во Лигата на Шампионите од Реал Мадрид со 1:3. Тогаш Ливерпул дозволија пораз, што практично ја донесе третата европска круна за „лос бланкос”.

Во оваа сезона „црвените” се прегрупираа и се спротивставија максимално на Манчестер Сити за титулата во Англија, останувајќи на бод зад „граѓаните” со 97, а исто така стигнаа и до второ европско финале.

Клоп верува дека неговиот тим ќе изгледа подобро против Тотенхем од натпреварот против Реал, а Германецот потврди дека неговите фудбалери постојано се „хранат” со болниот пораз на „Олимпискиот стадион” во Киев.

– Овој пораз имаше големо влијание врз нашиот тим. Се сеќавам на моментот кога чекавме во редот на аеродромот во Киев на пат кон дома. Сите бевме во нашите костуми со главите надолу. Разочарувањето беше огромно. Не можете да го разберете, не е дозволено и да се лутите. Емоциите беа спротивставени. Нашиот план беше да се вратиме овде. Сега сме тука и тоа е неверојатно. Ние направивме голем, голем чекор, а тоа е благодарение на момчињата. Тимот не може да се спореди со минатогодишниот, рече 51-годишниот Германец.

Клоп има негативен рекорд во европските финалиња откако загуби два натпревари во Лигата на шампионите и исто имапораз и во Лигата на Европа. Германецот, сепак, верува дека ова е одлична нова шанса да се запре серијата порази.

– Никогаш не сум бил на европски турнир со тим како овој. Различни тимови, различни причини. Моите други екипи беа добри. Не сум изненаден од еволуцијата на мојата актуелна постава, бидејќи потенцијалите и квалитетите се одлични. Брилијантно е местото каде што сме сега, продолжи Јирген Клоп.

Ливерпул и Тотенхем ќе се соочат еден против друг на „Ванда Метрополитано” на 1-ви јуни од 21,00 часот, а и двата тима немаат натпревар во последните три недели. Период кој им овозможи на некои клучни играчи на „петлите” да се опорават од повредите, вклучувајќи и напаѓачот Хари Кејн.

Сепак, Клоп потврди дека паузата не е во корист на тимот на Маурисио Почетино.

– И двете екипи имаат исто време, во кое може даго изгубиме нашиот ритам. Тоа е, и животот е постојан предизвик. Мислам дека одигравме европско финале пред три или четири години откако завршивме толку интензивно првенство. Ако ме прашате што би избрал меѓу тридневна или тринеделна пауза, секогаш ќе ја преферирам втората. Најдобрата опција беше да има една недела до мечот, но тоа е невозможно поради финалето на ФА купот. Јас сум сосема во ред со тоа, објасни тренерот.

Ливерпул заврши на 26 поени пред Тотенхем во Премиер лигата, но Клоп очекува израмнет меч во Мадрид.

– Квалитетот што го имаме ние и Тотенхем е речиси ист. Единствената разлика беше во тоа што бевме попостојани. Го победивме Тотенхем двапати, но само со 2:1. Имавме брилијантни моменти на овие дуели и мислам дека заслуживме победа. Дома игравме апсолутно изедначен меч и конечно постигнавме гол во последната минута, заклучи Јирген Клоп.

Треба да знаете
Последни објави