Search

Капитенот го донесе Сити на чекор до титулата: „Бомба“на Компани против Лестер

Во последниот натпревар од 37. коло во Премиер лигата, фудбалерите на Манчестер Сити го совладаа Лестер Сити со 1:0 (0-0) и повторно се вратија на првото место на премиерлигашката табела, со еден бод предност пред Ливерпул.

Во текот на целиот натпревар избраниците на Пеп Гвардиола имаа иницијатива, но Шмајхел беше одличен се до 70. минута, кога Винсент Компани упати вистинска „бомба“ од далечина и го погоди аголот од голот на гостите. Денешниот погодок на Белгиецот е прв оваа сезона, но на крајот може да се покаже и како клучен во одбраната на титулата.

До крајот домаќините одлично ја контролираа топката и славеа заслужена победа од 1-0, по која сами ќе решаваат за својата судбина во последното кол. Момците на Пеп во 86. минута имаа и среќа, бидејќи Ихеанчо имаше одлична шанса, но биеше непрецизно.

 

Треба да знаете
Последни објави