Search

Прва победа на Бутел во плеј-офот, демолиран Пролет со девет гола разлика

Ракометарите на Бутел Скопје ја забележаа првата победа во плеј-офот од Суперлигата, откако славеа над големиот ривал Пролет со 29:20. Првата половина од првото полувреме мина во израмнета игра, но домаќините се одлепија за 15:11 на полвреме.

По 35. минути игра беше 19-12 и веќе немаше назад за Пролет. До крајот момците на Игор Котевски ја одржаа и ја зголемија предноста до конечните 29:20. Најдобри стрелци кај Бутел беа Мајиќ со девет и Григорјев со шест погодоци, а одлична партија имаше и голманот Блажески. Кај Пролет, Андоновски и Манасков дадоа по пет голови. Во следното коло Бутел ќе игра дома со Пелистер, додека Пролет ќе го пречека Вардар.

Екипите на Пелистер и на Металург, пак, одиграа интересен натпреварво кој гостите победија со 41:37, а домашните не успеаја да зачуваат огромна предност од дури осум погодоци создадена во 23. минута од средбата.

Фото: 24 Инфо

Треба да знаете
Последни објави