Search

ЛШ: Барселона го прегази Нант, Веспрем убедлив против Фленсбург

Ракометарите на Барселона и на Веспрем се на чекор од пласман во Ф4 турнирот во Лигата на шампионите откако убедливо славеа во рвите натпревари од четвртфиналето.

Шпанците одигра супериорен натпревар на гостувањето кај Нант совладувајќи го со 25:32, а Кире Лазаров релизираше само два гола од пет обиди за домаќините. Барселона не го испушташе водството од самиот стрт на натпреварот, па на полувреме резултатот беше 12:16.

Во вториот дел гостите направија серија од 9:3 з водство од 15:25, па утински го приведоа мечот до крај со убедлива преднот за реваншот.Најдобар на паркетот беше пивотот на Барселона, Лудовиг Фабрегас, со девет гола од 11 шута.

Одлични на гостувањето во Германија беа и ракометарите на Веспрем, кои славеа со 22:28 против Фленсбург. По првото полувреме во кое двата тима се менуваа во водство резултатот беше 15:15.

Но Веспрем многу силно влезе во второто полувреме и по десет минути игра го имаше дотогаш највисокото водство од четири гола, 20:16. Кризата во играта на Фленсбург продолжи и по тајм-аутот, а Веспрем во 45. минута се одвои на највисоки 22:16. Домашните успеаја да го подигнат нивото на игра и со серија од 3:0 намалија на 20:24. По кризните речиси осум минути без погодок со иста мера возвратија и гостите и се вратија на огромната предност од седум погодоци. Фленсбург беше задржан на само седум гола во вториот дел и забележа заслужен пораз.

Дејан Манасков во составот на Веспрем ја делеше минутажата со Штрлек и ги доби минутите во првото полувреме кога постигна два гола од пет шута. Најдобар стрелец во составот на Фленсбург беше Магнус Јондал со пет гола, а во победничкиот состав Андреас Нилсон  постигна шест погодоци.

Треба да знаете
Последни објави