Search

Ријад: Уапсени 13 лица поради планирање напад во Саудиска Арабија

Во Саудиска Арабија се уапсени 13 лица поради планирање напад во кралството, објави државната новинска агенција СПА.

Тие се уапсени еден ден откако безбедносните сили објавија дека спречиле напад северно од главниот град Ријад, пренесе Ројтерс. Во таа прилика, како што е соопштено, се убиени четворица вооружени напаѓачи, кои се обиделе да извршат напад врз зградата на безбедносните сили во градот Зулфи. Одговорноста за тој напад ја презеде Исламската држава.

Треба да знаете
Последни објави