Search

Камерите ја снимиле бруталната ликвидација на Србинот во Јоханесбург: Почнале да пукаат додека го паркирал своето блендирано возило

Камерите ја снимиле бруталната ликвидација на Србинот во Јоханесбург: Почнале да пукаат додека го паркирал своето блендирано возило

Србинот Иван Ѓорѓевиќ (59) е убиен во класична заседа во Јоханесбург, а неговиот убиец по убиството побегнал од место на настанот и по него интензивно се трага. Во меѓувреме, во медиумите се појави снимка од бруталната ликвидација.
На снимката од убиството се гледа дека напаѓачите дошле со автомобил до Ѓорѓевиќ кој во тој момент седел во своето возило во комплексот каде што живеел.
Маскираните напаѓачи со автоматско оружје пукале по возилото на Ѓорѓевиќ , а Иван излегол од автомобилот за да бега, зад него истрчал еден од напаѓачите кој набрзо и го стигнал и испукал кон него и го усмртил.
Полицијата утврдила дека во телото на Иван имало 26 куршуми.
Иван Ѓорѓевиќ бил дел од два клана во ЈАР, па се сомневаат дека пукањето е поврзано со нив.
Треба да знаете
Последни објави