Search

Кралицата Камила се досадуваше на Вимблдон, нејзините гримаси повторно хит

Британската кралица Камила вчера се појави во кралската ложа на Вимблдон, тоа е нејзино прво појавување на познатиот тениски турнир во Лондон откако беше прогласена за кралица на 6 мај во Вестминстерската опатија во британската престолнина.

Претходните години, во центарот на вниманието на Вимблдон – не сметајќи ги натпреварувачите – беше принцезата од Велс, чие доаѓање се очекува во наредните денови, на крајот на турнирот, а денес во преден план е Камила, која видно го подобри начинот на облекување откако ја презеде круната. Стилистите си ги знаат работите, а фустанот во А-линија во кој таа се појави денес е многу подобро издание од нејзините бројни модни неуспеси во минатото.

Камила малку се смееше, а се чини дека за момент и беше здодевно, а забележана е и нејзината впечатлива гримаса. Нејзиниот сопруг Чарлс е познат по необичните изрази на лицето во јавноста, а таа сега го надмина.

Веднаш до неа беше нејзината сестра Соња Анабел Елиот која е дизајнерка на ентериер која се занимава и со антиквитети. Нејзиниот син е британскиот политичар Сер Бен Елиот, кој беше копретседател на Конзервативната партија. Таа оваа година се разведе од сопругот Сајмон Елиот, со кој беше во брак од 1972 година и со кој ги има ќерките Кејти и Алис. Анабел и Камила имаат брат Марк Шанд. И Анабел често се појавува на официјални настани, а таа е дури и во првите портрети на Чарлс III и Камила, објавени по крунисувањето.

Треба да знаете
Последни објави