Search

Ана Винтур откри зошто секогаш носи очила за сонце

Ана Винтур, долгогодишната уредничка на американски „Вог“, даде интервју за Си-ен-ен на кое пристигна облечена во шарен фустан во нејзин стил, впечатлив ѓердан и големи очила за сонце што станаа нејзин заштитен знак. Водителката веднаш ја праша зошто носи очила за сонце, а Винтур одговори дека неодамна имала операција на окото и дека инаку би дошла без очила.

https://www.instagram.com/p/BwCyKUen20b/

„Но, ги носите многу често, дури и кога гледате модни ревии со кралицата Елизабета”, ѝ рече водителката, а Винтур се согласи.

„Можам да ви кажам дека очилата се многу корисни, луѓето не ги гледаат вашите реакции, не се обидуваат да ви ги прочитаат мислите. Очилата го кријат заморот, лошото расположение … Луѓето не гледаат каде гледате“, рече Винтур, и така ја реши долгогодишната мистерија со очилата.

Треба да знаете
Последни објави