Search

Лилиќ за Беличанец: Бескрајно талентирана, ѕвер од човек

Бескрајно талентирана, ѕвер од човек. Многу те сакаме сите. И кога не беше на некои претстави, постојано те споменувавме, со овие зборови актерот Дејан Лилиќ се прости од неговата колешка Билјана Беличанец, која почина во неделата.

„Прв те дочекав на оваа сцена и те испратив од оваа сцена прв. Билјана ти никогаш нема да бидеш во минато време, туку во сегашно време. Оние кои те познаваат, знаат дека ти си голем човек со големо срце. Ти никогаш не глумеше на сцената, ти живееше овде. Бескрајно талентирана, ѕвер од човек. Многу те сакаме сите. И кога не беше на некои претстави, постојано те споменувавме”, рече Лилиќ на комеморацијата за Беличанец што се одржува во Драмскиот театар на која присуствуваат нејзини колеги и членови од семејството.

На комеморацијата говореше и актерката Снежана Конеска Руси.

„Не знам како доаѓа период кога јас станувам твој родител и учител. Можеби те учев како да газиш по трнливиот пат. Ѕвони твојот глас во секоја улога, песна, синхронизација. Сега имам три прашања до тебе: Дали ќе го чекаме Годо? Јас Зорица, Сашо сè уште чекаме од оваа страна, ти од онаа.. Дали ќе ми ја дораскажеш новата театарската драма? А поезијата, кога ќе биде промоцијата. Твојот учител Снешка. Те мислам. Јас те чекам или чекај ме”, рече Конеска.

На почетокот на комеморацијата се емитуваа инсерти од претстави во кои глумеше и Беличанец.

Дац за Беличанец: Аурата на драмскиот театар се збогати со уште еден дух кој ќе биде тука со нас

Отсекогаш сум велел дека овој театар има духови кои ни ја даваат енергијата кога ни е најтешко. Аурата на Драмски театар се збогати со уште еден дух кој ќе биде тука до нас. Вака актерот Драган Спасов-Дац се прости со својата колешка, Билјана Беличанец, на комеморацијата во Драмскиот театар по повод нејзината ненадејна смрт.

„Не остави збунети и во болка, не остави да замислуваме што уште можеше да направиш овде. Ти едноставно на сцената беше Билјана Беличанец. Ти на оваа сцената беше мојата Сара, Цвета,Сузана, Билјана Беличанец. Лука и Мона да се гордеете со мајка ви оти имате силна причина за тоа“, рече Дац.

 

Треба да знаете
Последни објави