Search

Евролигата се согласи со календарот на Унијата на професионални играчи за сезоната 2019/20

Евролигата се согласи со календарот на Унијата на професионални играчи за сезоната 2019/20

Раководството на Евролигата постигна договор со Унијата професионални кошаркари за календарот во натпреварувачката сезона 2019/20.

Првото коло од првенството во Евролигата ќе се одржи една недела порано од вообичаеното, на 3-4 октомври 2019 година, додека завршните натпревари ќе се играат на 9-10 април 2020 година, една недела подоцна од вообичаеното, соопшти прес-службата на елитната лига.

Плејофот ќе почне на 21 април и ќе трае до 6 мај.

Завршниот „фајнал фор” турнир е предвиден за периодот од 21-24 мај.

Усвоените промени ќе го намалат бројот на недели со два натпревара на распоредот, од сегашните девет на седум.

Треба да знаете
Последни објави