Search

Почина Драган Василов-Цевка!

Еден од најпознатите и најплодни тренери на млади категории во земјава Драган Василов ненадејно почина синоќа, на 64-годишна возраст.

Популарниот Цевка над три децении, со мали прекини, работеше како тренер на млади играчи, низ неговите раце поминаа бројни познати кошаркари и македонски репрезентативци, пред се од школата на Работнички, како Перо Антиќ, Емил Рајковиќ, Ѓорѓи Чековски, Александар Јончевски, а во младинските селекции и Димитар Мираковски, Златко Гоцевски, Александар Антиќ, Кирил Павловски итн.

Во 1999 година беше селектор на кадетската репрезентација на Македонија која го освои шестото место на Европското првенство во Словенија што досега е втор најдобар пласман на една македонската младинска селекција, по четвртото место во 1995 година.

По заминувањето од Работнички, работеше во уште неколку клубови како Партизан Водно Санс, Торус, Јуниор и Феникс.

Смртта го затекна на младинскиот камп кој се одржуваше во Маврово, во ко-организација на ФИБА и КФСМ, а како претседател на Тренерската комисија при Кошаркарската федерација.

Треба да знаете
Последни објави