Search

НБА: Дабл-дабл со 45 поени – Јанис доаѓа по МВП трофејот

Синоќешниот натпревар помеѓу тимовите на Филаделфија Севентисиксерс и Милвоки Бакс дополнително го зацврсти аргументот на Јанис Антетокунмпо за освојување на МВП трофејот оваа сезона. Гркот играше фантастично и му донесе победа на неговиот тим, но и покажа дека може да „уфрли во втора брзина“ кога тоа е потребно.

 

Милвоки Бакс стигна до гостинска победа против Филаделфија Севентисиксерс, со конечен резултат од 128:122.

„Дуелот на титаните“ ги оправда сите очекувања – публиката имаше шанса да види две импресивни партии од Јанис Антетокунмпо и Џоел Ембид, а Гркот на крајот се радуваше бидејќи излезе како победник од дуелот. Тој постигна 45 поени, на кои додаде 13 скока и 6 асистенции и 5 блокади, предводејќи го неговиот тим до победа.

На другата страна, Џоел Ембид забележа трипл-дабл учинок со 34 поени, 13 скока и 13 асистенции, кој сепак не беше доволен за избегнување на пораз. Одлична партија имаше и Џеј Џеј Редик, кој вечерта ја заврши со 29 поени.

Останати резултати:

Сакраменто Кингс – Кливленд Кавалирс 117:104

Лос Анџелес Лејкерс – Голден Стејт Вориорс 90:108

Треба да знаете
Последни објави