Search

Вестбрук го посвети НБА рекордот на убиениот рапер Нипси Хасл

Расел Вестбрук од Оклахома Сити оствари трипл-дабл ефект ноќеска на дуелот со Лос Анџелес Лејкерс.

 

Триесетгодишниот Американец на средбата одиграна на домашен терен забележа 20 поени, 20 скокови и 21 асистенција.

Вестбрук ги посвети одличниот настап и постигнатиот рекорд на раперот Нипси Хасл кој беше убиен во неделата во престрелка во Лос Анџелес на 33 години.

„Ова не беше за мене“, изјави Вестбрук по натпреварот. „Ова беше за братот. Ова е за Нипси – 20 плус 20 плус 20.“

Како што објави прес-службата на НБА лигата, Вестбрук е само вториот играч во историјата, кој постигнал најмалку 20 поени во три статистички категории.

На 2 февруари 1968 година, Вилт Чемберлен на еден натпревар имаше дадено 22 поени со 25 скокови и 21 асистенција.

Треба да знаете
Последни објави