Кари ги посочи петте најдобри кошаркари во историјата на НБА

Стеф Кари се докажа како еден од најдобрите играчи во НБА во изминатата деценија, но сега откри на кои точно играчи им се восхитува најмногу.

Бекот на Голден Стејт го направи тоа на настан, кој го промовира неговиот нов потфат – серијал во социјалните мрежи, кој го носи името „Stephen vs. The Game”.

– Јас би рекол … Мајкл Џордан, Вилт Чембрлен, Леброн Џејмс, Шекил О’Нил и Меџик Џонсон, рече Кари во одговор на прашање кои се петмината најдобри играчи во историјата.

Запрашан кој е најдобар непријатниот дефанзивец, против кого се соочил, тој даде интересен и истовремено забавен одговор.

– Тоа е Стив Кер. Кога ќе ме извади од игра, изјави бекот на „воините”

Треба да знаете
Последни објави