Search

Мексико возврати на заканите на Трамп

Мексиканскиот министер за надворешни работи, Марсело Ебрард порача дека Мексико не делува на основа на закани. Неговата изјава следи по заканата на американскиот претседател Доналд Трамп, дека ќе ја затвори границата ако Мексико не ја спречи илегалната миграција.

„Мексико не работи на основа на закани. Ние сме прекрасен сосед. Прашајте милион и пол Американци, кои ја избрале нашата земја за свој дом, најголема заедница на Американците надвор од САД. За нив исто така сме најдобар сосед, кој може да го имаат“ возврати Ебрард на Твитер.

Треба да знаете
Последни објави