Search

Конго: Во еден ден рекордни 15 нови случаи на ебола

Во Конго денеска се регистрирани 15 нови потврдени случаи на ебола, што е најголем еднодневен пораст од моментот кога сегашната епидемија е прогласена минатиот август, соопшти Министерството за здравство.

Појавата на епидемија на хеморагичната треска минатото лето во источниот дел на Конго е втора по големина во историјата и досега од последиците на болеста починале 660 луѓе, а таа е регистрирана кај околу илјада пациенти.

Во изминатите седум месеци во Конго против вирусот на ебола се вакцинирани 85.226 луѓе, а кампањата за вакцинација се уште трае.

Еболата предизвикува тропска треска и првпат овој вирус е регистриран во 1976 година во Судан и Конго. Тој на луѓето се пренесува од животните.

Најголема епидемија на ебола е регистрирана во 2014 година, кога во западниот дел од Африка починале 11.300 лица.

Треба да знаете
Последни објави