Search

Кирацовски до Јанушев: Граѓаните ќе го изберат концептот предводен од Стево за напредок, иднина и сигурност во ЕУ и НАТО

Претстојните претседателски избори не се обични избори, туку на овие избори ќе избираме помеѓу опција која е посветена да ја води државата напред или опција која сака да ја држи Северна Македонија и нејзините граѓани во заложништво, порача генералниот секретар на СДСМ и шеф на Изборниот штаб, Александар Кирацовски во вечерашното ТВ соочување со генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ во ТВ1.

– На овие избори ќе се судрат два сосема различни концепти, едниот предводен од Стево Пендаровски за напредок, иднина, сигурност, безбедност, членство во НАТО и ЕУ. И вториот концепт за враќање кон темното минато, враќање кон поделбите и блокадите во државата, против НАТО и ЕУ, против напредокот. Според она што го кажуваат испитувањата на јавното мислење и генералното расположение на граѓаните, на овие избори ќе победи опцијата која ќе ја води државата напред кон ЕУ и НАТО, предводена од заедничкиот кандидат Стево Пендаровски. Ќе победи опцијата што незапирливо ја турка државатанапред во западниот демократски свет, истакна Кирацовски.

Кирацовски ја потенцира важноста на изборите во процесот на интеграција во Европската унија и повика сите политички субјекти да покажат државотоворност и одгoворност пред интересите на граѓаните и државата.

– Ќе направиме се овие избори да бидат кристално чисти и фер избори, како што доликува на земја идна членка на НАТО. Апелирам до сите политички чинители да покажат одговрност бидејќи ова се избори кои се клучни за напреодкот на државата во интеграцииите и отворање на првите поглавја во преговорите со ЕУ, заклучи Кирацовски.

Треба да знаете
Последни објави