Search

Излезите за итни ситуации во висококатницата во Бангладеш биле заклучени

Жртвите од вчерашниот голем пожар во деловна зграда во Бангладеш, најверојатно, биле заробени, зашто излезите за итни ситуации биле заклучени, соопштија властите.

Најмалку 25 луѓе загинаа, а 70 се повредени во пожарот. Во обид да се спасат, шестмина од жртвите загинале така што скокнале од зградата која горела. Многумина биле заробени во горните катови, каде што и избил пожарот.

Од противпожарната служба соопштиле дека во опожарената висококатница недостигала опрема за заштита од пожари. Сè уште не е јасно што го предизвика пожарот во комерцијалниот округ Банани. Владата нареди истрага.

Треба да знаете
Последни објави