Search

Драгиќ го доби дуелот со Дончиќ, Мајами излезе на чело на Југоисточната дивизија во НБА

Драгиќ го доби дуелот со Дончиќ, Мајами излезе на чело на Југоисточната дивизија во НБА

Мајами излезе на чело Југоисточната дивизија во НБА лигата по победата над Далас со 105:99. Горан Драгиќ го запиша вториот „трипл-дабл” во кариерата по 23 поени, 12 скокови и 11 асистенции, а Двејн Вејд одигра клучна улога за победата на Мајами, откако ја одзеде топката и постигна кош во завршните секунди од натпреварот.

Драгиќ го освои дуелот со Лука Дончиќ меѓу единствените двајца Словенци во НБА во моментов. Дончиќ заврши со 19 поени за Далас. Победата е 37-ма за Мајами во сезоната и беше доволна тимот да го смени Орландо од лидерската позиција во Југоисточната дивизија.

Хјустон пак го победи Денвер со 112:85 во дербито на Западна конференција. Џејмс Харден постигна 38 поени, а Клинт Капела запиша „дабл-дабл” уште во првото полувреме со 13 поени и 11 скока, а натпреварот го заврши со 17 поени и 15 скока. Џамал ​​Мареј постигна 20 поени за Денвер.

Поразот го остави Денвер на втората позиција на Западот во регуларната сезона во спорот со Голден Стејт.

Резултати од НБА

Детроит – Орландо 115: 98
Филаделфија – Бруклин 123: 110
Мајами – Далас 105: 99
Њујорк – Торонто 92: 117
Хјустон – Денвер 112: 85
Милвоки – Лос Анџелес Клиперс 128: 118
Њу Орлеанс – Сакраменто 121: 118
Сан Антонио – Кливленд 116: 110

Пласман по дивизии:

Источна конференција:

Атлантик дивизија: Торонто 53 победи / 23 порази, Филаделфија 48/27, Бостон 44/31
Централна дивизија: Милвоки 57/19, Индијана 45/30, Детроит 38/37
Југоисточна дивизија: Мајами 37/38, Орландо 37/39, Шарлот 35/39

Западна конференција:

Северозападна дивизија: Денвер 50/24, Портланд 47/27, Јута 45/30
Пацифик дивизија: Голден Стејт 51/23, Лос Анџелес Клиперс 45/31, Сакраменто 37/38
Југозападна дивизија: Хјустон 48/28, Сан Антонио 44/32, Њу Орлеанс 32/45.

Треба да знаете
Последни објави