Легендарниот Ромарио го издвои Меси пред Роналдо и ја посочи причината поради тоа

Многумина имаат различно мислење за прашањето кој е најдобриот фудбалер на сите времиња, а уште долго ќе остане дилемата за тоа кој е најдобар во моментов, Кристијано Роналдо или Лео Меси.

И двајцата се вонсериски фудбалери кои оставија значителен белег во историјата на најважната споредна работа во светот.

На социјалните мрежи, во интервјуа, преку ТВ дебати, секаде може да се слушнат споредби за тоа кој е подобар, Меси или Роналдо.

Со свој коментар се јави и поранешниот легендарен бразилски фудбалер, Ромарио. Бразилецот го издвои Меси како играч кој би го имал во својот тим и ја посочи причината поради тоа.

– Го сакам Меси, тој е неверојатен, но морам да кажам дека Роналдо е меѓу петте најдобри фудбалери во историјата. Кога би требало да избирам со кој играч би играл, тоа би бил Меси. Аргентинецот е технички понадарен од Португалецот, и тоа е причината зошто би го избрал Меси, – заклучи Ромарио.

Треба да знаете
Последни објави