Search

Француската полиција опколи затвор каде затвореник нападна чувари

Специјалци на француската полиција упаднаа денеска попладне во затворот Конде сур Сартр каде 27-годишен радикализиран затвореник повреди тешко двајца чувари со керамички нож, јави дописникот на МИА од Франција.

На местото на инцидентот се регистрани серија детомнации од шок гранати што ги користела полицијата во почетокот на операцијата.

Регионални полициски тимови за интервенции и РАИД елитни одреди на националната полиција пристигнале попладнево во затворот каде напаѓаот и негова пријателка се забарикадирани од утрото во делот за посети.

Нападот врз полицајците бил извршен утрото околу 9.45 часот.

Министерката за правда,Никол Белубе исто така, побара инспекција на затворот Конде-сур-Сартр во Орн. За министерката, „нападот има терористички карактер”.

Треба да знаете
Последни објави