Search

Северна Кореја обновува дел од центарот за лансирање ракети

Јужнокорејските разузнавачки служби открија знаци дека Северна Кореја обновува дел од локации за лансирање на ракетите од ракетниот центар Донгчанг-ри, кој го урна претходно.

Агенцијата Јонхап наведува дека таа држава, која се наоѓа под притисок да ја прекине својата нуклеарна програма, става повторно покрив и врати на тој објект.

Националата разузнавачка служба на Јужна Кореја исто така наведува дека американските информации се исти како и нивните.

Американскиот претседател Доналд Трамп неодамна во Ханој се сретна со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, но самитот заврши без договор.

Трамп објасни дека тоа се случило откако Северна Кореја побарала повторно укинување на санкциите во замена за затворање на нуклеарната постојка Јонгбјон.

Треба да знаете
Последни објави