Search

Џабар ги продаде прстените за три милиони долари

Легендарниот НБА кошаркар, Карим-Абдул Џабар, на аукција продаде четири свои шампионски прстени за сума од три милиони долари. Парите се наменети за добротворни цели.

Со Милвоки Бакс, Џабар бил шампион во 1971 година, а во 80-те години од минатиот век пет пати ја освојувал титулата со ЛА Лејкерс.

Четири од тие шест шампионски прстени Карим ставил на аукција, кои потоа се продадени за 2,8 милиони долари.

„Најголем дел од парите ќе одат во мојата фондација чија мисија е да им пружи на децата шанса за „шут што не може да биде блокиран“. Оние деца што немаат доволно средства ќе испраќаме во националните паркови за да ја искусат природата и за да учат за науката и технологијата.

Карим шест пати бил МВП во НБА лигата, два пати МВП на финалната серија. Тој е најдобар стрелец во историјата на лигата.

Треба да знаете
Последни објави