Search

Германските војници и натаму не смеат да носат долга коса

Машките припадници на Бундесвер и натаму не смеат да носат долга коса, а војската мора да ги ревидира насоките за тоа да биде потполно јасно.

Германската Влада најави дека ќе донесе законски измени кои ќе овозможат примена на правилото за должина на косата и брадата на војниците.

„Во најкраток можен рок ќе создадеме законска основа за правила за должината на косата и брадата на припадниците на Бундесвер“, рекол портпаролот на германското Министерство за одбрана.

Ова е одлука на германскиот Управен суд во Лајпциг, кој вчера ја отфрлил тужбата на еден војник, кој се жалел дека работодавачот не му дозволил да носи долга коса.

Треба да знаете
Последни објави